Канадските власти подигнаа обвинение за тероризам против едно 16-годишно момче од градот Монтерал, со што тоа стана досега најмладиот обвинет за терористички активности во Канада.
Тинејџерот при полициското сослушување се изјаснил за невин по обвинителниот акт, но изразил омраза кон Канада, нагласувајќи дека со неа управуваат неверници кои треба да бидат сменети од власт.
Обвинетиот, чие име не е обелоденето бидејќи е малолетен, е син на алжирски имигранти кои се доселиле во Канада.
Тој бил упасен минатата година поради грабеж, но обвинението против него е проширено кога при истрагата полицијата утврдила дека со украдените пари имал намера да отпатува во Сирија и да ѝ се приклучи на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.