Роџер Федерер и Станислас Вавринка ќе го играат швајцарското полуфинале во Њујорк на Отвореното првенство во САД, а еден од нив ќе игра за титулата против подобриот од ексјугословенската пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ од Србија и Хрватот Марин Чилиќ.
Федерер продолжува со брилијантните партии на Отвореното првенство на САД, откако и во четвртфиналето убедливо славеше против Ришар Гаске со резултат од 6-3, 6-3, 6-1.
Мошне убедлив беше и Вавринка, кој го победи Кевин Андерсон со резултат од 6-4, 6-4, 6-0.
Федерер е петкратен освојувач на Отвореното првенство во САД, а Ѓоковиќ и Чилиќ имаат по еден трофеј од Њујорк. Вавринка е единствениот од полуфиналниот квартет што не славел на гранслем турнирот во Големото јаболко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



