| четврток, 6 декември 2018 |

Саркози: Русија ни е потребна за да се соочиме со конфликтот во Сирија и со ИД

саркози

Поранешниот француски претседател Никола Саркози смета дека е неопходно да се привлече Русија кон борбата против Исламска држава (ИД).

– Западот си дозволи сериозна грешка, создавајќи услови за нова студена војна со Русија. Таа ни е потребна за сириското прашање и за борбата против ИД – истакна Саркози во интервју за весникот „Фигаро“.

Тој ја повика Русија да покаже добра волја и да ѝ помогне на меѓународната заедница за соочување со конфликтот во Сирија и во борбата против џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top