Шпанскиот весник „АС“ повторно се обиде да направи идеален состав од кошаркари кои потекнуваат од републиките од поранешна Југославија. Меѓу нив нема кошаркар од нашата земја Македонија, а составот брои 12 кошакари, по четири од Хрватска и Србија, двајца се од Црна Гора и по еден Словенец и Босанец.
Во текстот, шпанскиот весник потсетува на успесите на поранешна Југославија која пред распадот освои Олимписко злато (1980), четири пати го крена трофејот на СП (1970, 1978, 1987, 1990) а на кровот на Европа се искачи дури пет пет пати (1973, 1975, 1977, 1989, 1991).
Плејмејкери: Горан Драгич (Словенија, 29, Мајами), Милош Теодосиќ (Србија, 28, ЦСКА Москва)
Бекови: Марио Хезоња (Хрватска, 20, Орландо Меџик), Богдан Богдановиќ (Србија, 23, Фенербахче)
Ниски крила: Бојан Богдановиќ (Хрватска, 26, Бруклин), Никола Калиниќ (Србија, 23, Фенербахче)
Високи крила: Немања Бјелица (Србија, 27, Минесота), Дарио Шариќ (Хрватска, 21, Ефес), Мирза Телетовиќ (БиХ, 29, Феникс)
Центри: Никола Вучевиќ (Црна Гора, 24, Орландо), Никола Пековиќ (Црна Гора, 29, Минесота), Анте Томиќ (Хрватска, 28, Барселона)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.