Многумина тврдат дека оваа загатка ја напишал Алберт Ајнштајн додека бил момче, иако не постојат цврсти докази дека тоа е вистина. Но, она што е сигурно е дека само 2 отсто од луѓето на светот може да ја решат, пишува „Бизнис инсајдер“.
Во прашање е навистина интелигентна игра за мозокот која популарно е наречена „Загатката на Ајнштајн“.
Обидете се да ја решите:
Постојат пет куќи со различни бои во низа. Во секоја живее една личност од различна националност. Петте сопственици на овие куќи пијат посебен пијалак, одредена марка на цигари и имаат миленици. Ниту еден од нив не пуши иста марка на цигари, пие ист пијалак и има ист миленик.
Други факти:
- Британец живее во црвена куќа
- Швеѓанецот има куче за миленик
- Данецот пие чај
- Зелената куќа се наоѓа од левата страна на белата куќа
- Сопственикот на зелената куќа пие кафе
- Сопственикот кој пуши Пал Мал има птици за миленици
- Жителот на жолтата куќа пуши Данхил
- Личноста која живее во куќата во средина пие млеко
- Норвежанецот живее во првата куќа
- Сопственикот кој пуши Блендс живее до куќата на која сопственикот има мачка
- Личноста која има коњ живее до личноста која пуши Данхил
- Личноста која пуши марка цигари Блумастер пие пиво
- Германецот пуши марка цигари Принц
- Норвежанецот живее до сината куќа
- Личноста која пуши Блендс живее до човекот кој пие вода
Прашањето е: Која од овие личности има риба за миленик?
Не постојат трикови – се што ви е потребно е проста логика.
Во случајот да немате нерви да ја решавате оваа загатка, погледнете го видеото кое чекор по чекор ќе ви објасни како се решава оваа загатка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)