| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските хипхопери на светското првенство во Хрватска

Иако хип-хоп групата Beatrix Crew (Битрикс Кру) постои само 2 години во рамките на ТСК Ритам Плус, тие зад себе бележат само успеси. Оваа група е основана од професионални танчери, кои во рамките на претходните студија, имаат освојувано голем број на државни и меѓународни награди во различни категории (соло, група, формација и слично), а како најголемо достигнување се освоените 5-то и 6-то место на светските првенства во Бохум (Германија) и Грац (Австрија), последователно.
Натпреварот на кој тие учествуваа изминатиот викенд се одржуваше во соседна Србија, во Нови Сад. Натпреварот организиран од танцовата организација ESDU, наречен DanceStar Serbia Open 2013 е првиот чекор кон светското првенство кое ќе се одржува во Хрватска овој Мај. Во Нови Сад учествуваа огромен број на натпреварувачи, а беа изведени 143 танцови точки (urban dance style или хип-хоп, модерни танци, MTV dance commercial и слични).
Покрај големата конкуренција, Битрикс Кру, во својата категорија го освои првото место, но тоа не беше најдобрата вест. Имено, Битрикс Кру, заедно со своите 20 члена, се квалификуваше за светсткото првенство во Хрватска! Битрикс Кру има посебен стил на работење во рамките на своето студио, дозволувајќи им на младите кореографи да се покажат и докажат со своите идеи и кореографии. Овој пат кореографијата беше изработена од Ивана Балабанова, повеќекратен меѓународен првак во соло танци на многу престижни натпревари и кореограф и инструктор во студиото Ритам Плус – Скопје, со асистенција и свој удел во кореографиите од 2 члена од групата: Дејан Битровски и Емир Ал-Кафаџи. Тие креираа иновативна кореографија, со различни стилови (locking, hip-hop street dance, breakdance и слично) и направија вистинско шоу со нивната уникатна облека, специјални ефекти и музика.
2 дена по нивниот настап во Нови Сад, тие решија да ја почестат и македонската публика со настап на Плоштад Македонија. И покрај отсуството на музика од техничките проблеми, тие со пеење сепак ја изиграа својата точка, а луѓето кои решија да застанат и да ги погледнат, беа воодушевени од нивната изведба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top