Музичката икона Снуп Дог сними видео во кое го најавува својот настап на второто издание на „Fresh Island Festival“ кој ќе се одржи на плажата Зрќе во Хрватска.
„Fresh Island Festival“ е прв европски хип-хоп фестивал на плажа, на кој покрај Снуп Дог ќе се појават и A$AP Роки, Иги Азалеа и уште 40 музичари.
Угледните американски блогови му дадоа мошне високи оценки на овој фестивал и го презентираа како освежување на светската хип-хоп сцена. Во текот на четири дена и ноќи, на четири сцени на клубовите „Папаја“ и „Аквариус“ ќе се менуваат реќиси педесет изведувачи, а неколку дена претходно ќе се одржи и првиот танцов камп кој ќе биде домаќин на најголемите светски кореографи и танчери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.