Италијанскиот клуб Рома влезе во „војна“ со селекторот на Босна и Херцеговина Мехмед Баждаревиќ, поради тоа што го го ставил во игра Миралем Пјаниќ на дуелот против Андора (3-0) во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Пјаниќ кој почувствувал повреда на листот о десната нога веднаш по натпреварот со Белгија, но Баждаревиќ немал слух и го ставил во првиот состав три дена подоцна.
Пјаниќ веднаш штом се вратил во Рома врз него се извршени детални прегледи и констатирано е дека тој ќе мора да отсуствува околку три недели.
Тоа значи дека нема да биде во можност да му помогне на својот тим во премиерата оваа сезона во Лигата на шампионите против европскиот првак Барселона.
Покрај овој натпревар Миралем Пјаниќ ќе отустува и на три средби во Серија А лигата и тоа против Фросиноне, Сасуоло и Сампдорија, а ќе се врати на терените за мечот со Карпи на 26.септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.