Во средината на 2017 година жителите на Ѓорче Петров конечно ќе ја имаат на располагање новата зграда на општината, која веќе се гради во склоп на новиот трговски и бизнис центар. Помал од „Ситимол“, но поголем од „Рамстор мол“, „Емпорио“ е резултат на првото јавно–приватно партнерство во Македонија, помеѓу општината Ѓорче Петров и градежната компанија „Трансмет“.
Лоцирана во најурбаниот дел од општината, со директен излез на кружниот тек, општинската зграда ќе биде организирана на 3 нивоа. Веднаш до неа трговскиот и бизнис центар ќе биде на 6 надземни и 2 подземни нивоа, со подземен паркинг со капацитет од вкупно 350 паркинг места.
Во првото, подземно ниво на приземјето и првиот кат ќе биде сместен трговскиот центар, а вториот, третиот, четвртиот и петтиот кат се наменети за канцелариски простор.
Во трговскиот дел се предвидени 40 тина дуќани, а веќе се познати и првите закупци.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, вели е среќен што „Емпорио“ ќе остане трајно обележје на општината, магнет за привлекување на други инвестиции, но и што конечно, со новата зграда за општината ќе биде решен долгогодишен проблем на вработените, но најважно и на ѓорчептровци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)