| четврток, 6 декември 2018 |

Сестринскиот дуел на Отвореното првенство на САД за помладата Серена, која ита кон 22. грен-слем титула

US Open Tennis

Синоќа се одигра четвртфиналниот дуел помеѓу сестрите Вилијамс, кој предизвика големо внимание во целиот свет.
Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, сигурно чекори кон титулата на четвртиот Гренд слем во сезоната, бидејќи беше подобра од својата постара сестра Венус со 2-1 (6-2, 1-6, 6-3) во сетови. Се чини дека најголемата пречка кон 22.грен-слем титула Серена ја мина без проблеми и е на два чекори до историјата односно, од таканаречениот „Календар слем“, што значи освојување на сите грен-слеми во една сезона.

Првиот сет, Серена го доби благодарение на низата од четири гема која почна при 2-2. Сепак, потоа дојде до пад во нејзината игра, па Венус го искористи тоа за да направи брејк, а потоа и да израмни на 1-1. Во третиот сет, Серена ја врати самодовербата, ги искористи сите грешки на својата сестра и на крајот, за 101 минута, обезбеди пласман во полуфиналето.

Таму ќе биде огромен фаворит бидејќи противничка ќе ѝ биде Роберта Винчи ,против која ги доби сите четири досегашни дуели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top