| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел бара задолжителна прераспределба на бегалците во ЕУ

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара секоја земја-членка задолжително да прими одредена квота од бегалците кои во моментов во најголем број се наоѓаат во Грција, Италија и Унгарија.

– На Европа и е потребен договор за задолжително прераспоредување (на бегалците), кој ќе биде обврзувачки – изјави Меркел во обраќање пред пратениците на германскиот Парламенет.

Според Меркел, актуелната бегалска криза во чии рамки стотици илјади бегалци се движат кон Европа, претставува предизвик за секоја од змејите-членки на ЕУ.

Повикот на Меркел дојаде по објавувањето на новиот план на Европската комисија со кој се предвидува товарот за згрижување на бегалците во Европа да биде рамномерно поделен меѓу земјите-членки на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top