„Авалон продукција“ денеска ќе ја промовира првата заедничка песна на двајцата наши најквалитетни музичари во моментов Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева.
Песната „Зборови немам” е комплетно авторско дело на Дуке Бојаџиев музика, текст, аранжман и изведба, снимена е и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ (Gaea) во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во „Марифет“ (Marry Phat) студиото на Ивица Јанкуловски во Скопје.
Песната „Зборови немам“ ќе биде поставена во 21 часот на официјалните фејсбук профили на Каролина, Дуке Бојаџиев и на „Авалон продукција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



