Синоќа се одигра дербито во „групата на смртта“ на Евробаскетот во Берлин, во кое се сретнаа репрезентациите на Шпанија и на Италија. Иако „црвената фурија“ во третиот период имаше предност од 10 поени, сепак, репрезентативците на оваа земја мораа со наведнати глави да ја напушатат „Мерцедес арена“.
Натурализираниот Шпанец роден во Црна Гора, Никола Миротиќ, во афект на нервоза при излегување од салата го искина српското знаме кое беше поставено токму над тунелот кој води до гардеробите.
Првиот ден на Евробаскетот, кога играа Србија и Шпанија, од трибините кон Миротиќ беа упатувани повици „душо продана“ затоа што одбра да игра за Шпанците, наместо за Црна Гора каде што е роден или за Србија поради корените кои ги влече.
Миротиќ, кој е роден во Подгорица, и на 14 години заминал во Шпанија, по мечот не беше достапен на медиумите за коментар. Сепак, преку социјалните мрежи се извини за својот гест, потенцирајќи дека во тие моменти на афект не бил свесен дека тоа е српското знаме.
– Многу жалам за мојата реакција, но во ниту еден момент не сфатив дека тоа е знаме, посебно не знаме на Србија. Гледав во подот кога ми падна нешто на лице. Никогаш не би навредил ниту еден симбол на некоја земја – објави Миротиќ на својот профил на Твитер, веднаш по објавувањето на снимките со инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)