Новак Ѓоковиќ ќе го предизвика шампионот Марин Чилиќ во полуфинален меч на Отвореното првенство на САД во тенис. Српскиот ас со многу мака го победи Фелисијано Лопес со 3-1 во сетови и ќе игра во завршницата, а пред него се намачи и ланскиот победник на турнирот, Чилиќ. Тој со 3-2 во сетови ја доби маратонската битка против францускиот ас Жо Вилфрид Цонга.
Кај дамите, Серена Вилијамс ја исфрли од игра својата постара сестра Венус и во полуфиналето ќе игра со Роберта Винчи од Италија.
Останува да се доиграат уште две четвртфиналиња, и во машка и во женска конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.