Иако не сака да зборува за романсата со поранешниот кошаркар од НБА лигата Владимир Радмановиќ, убавата водителка ја потврди веридбата на социјалните мрежи.
Марија објави фотографии од летување во Грција на кои јасно се гледа прстенот.
-Можеш да ме прашаш што сакаш, но за приватниот живот не зборувам. Имам свои медиуми – социјални медиуми, таму ставам некои работи кои сакам и ги чувствувам во тој момент. Можете да заклучите што сакате – рекла водителката за српски Блиц.
Инаку Влада и Марија биле пријатели долго време, а од минатата година започнале романса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.