| четврток, 6 декември 2018 |

На сопругата на Џони Деп и се закануваат 10 години затвор

деп

Амбер Херд, сопругата на актерот Џони Деп, е обвинета за нелегално внесување на две кучиња во Австралија во мај оваа година, за што ѝ се заканува 10-годишна затворска казна.

Новото судско рочиште е закажано за 2 ноември.

Обвинението против Амбер е покренато во јули поради нелегално внесување на две кучиња и поради тоа што за нив приложила лажни документи на царинската контрола.

Инцидентот во мај го привлече вниманието на светската јавност, а австралискиот министер за земјоделство се закани дека кучињата ќе бидат успиени доколку не ја напуштат земјата, по што животните се однесени од Австралија.

Имено, Австралија има строги правила на карантин за животни, со цел да се спречи ширење на болести како што е беснило.

Брачната двојка, иако ги вратила своите миленици дома, сепак било започнато обвинение, но само против Амбер.

Доколку биде прогласена за виновна, Амбер би можела да добие парична казна од 100.000 долари и затворска казна во период од 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top