Француските борбени авиони „Рафаел“ изутринава го извршиле првиот извидувачки лет над Сирија, прва ваква француска операција која досега се ограничуваше само на Ирак, јавува дописникот на МИА од Париз.
Веста за првото надлетување над Сирија, со цел да се соберат доволно елементи за евентуални бомбардирања на позициите на ИД, ја соопшти француското Министерство за одбрана.
Операцијата доаѓа помалку од 24 часа по најавата на претседателот Франсоа Оланд, што претставува стратешки пресврт.
– Од министерот за одбрана побарав уште од утре да се спроведат извидувачки летови на Сирија, што ќе дозволи да се предвидат напади против ИД, со што ќе ја зачуваме нашата самостојност за одлучување и акција, изјави вчера францускиот претседател.
Според Оланд копнена интервенција е нереална и нелогична, бидејќи не треба да се направи ништо со што ќе се зајакни или ќе се одржи на власт Башар Ел Асад, кој на крајот мора да си замине.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.