| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерите ја пречекуваат Шпанија, кошаркарите се соочуваат со Хрватска

Две национални македонски селекции на Денот на Независноста на државата ќе имаат настапи против силни противници.

Фудбалерите на „Филип Втори“ во Скопје од 20:45 часот ја пречекуваат Шпанија во натпревар од 8.коло во квалификациите за ЕУРО 2016.

Македонија на овој натпревар влегува по неочекуваниот пораз во петокот од Луксембург по што падна на последното место на табелата со само една победа и шест порази.
Шпанците се први на табелата со ист број бодови 18, како и второпласираната Словачка.

За разлика од фудбалската репрезентација, македонските кошаркари со победата над Холандија во неделата, во подобра атмосфера го дочекуваат дуелот против ко-домаќинот на Европското првенство, репрезентацијата на Хрватска.

Хрватите се фаворити, а од македонскиот табор најавија дека ќе се обидат да направат изненадување.

Натпреварот Хрватска – Македонија во Загреб почнува во 21 часот.
И двете репрезентации по првите две кола на Евробаскетот имаат по една победа и еден пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top