Вчеравечер во Охрид градоначалникот Никола Бакрачески со свечена церемонија го отвори новиот плоштад до музичкото училиште. Плоштадот е со површина од околу 1000 метри квадратни и на него има две фонтани.
– Овој простор за повозрасните охриѓани беше познат како “Дуборезачка“, за помладите генерации едноставно како “Кај минимаркет“, а оставам на вас, на денешната генерација и инвентивноста на граѓаните овој плоштад да го именуваат според нивно наоѓање. Плоштадот е на површина од околу 1.000 м2 и идеално се вклопува во афтентичниот градски стил на Охрид, со современи компоненти. Оваа уредена јавна површина ја красат две фонтани и мал амфитеатар. Поголемата фонтана е каскадна и поставена во самиот центар, оплеменета со мозаици наречени “четири рајски реки“ кои се дело на познатиот охридски уметник Никола Упевче до кој упатувам благодарност за неговата креација во конечното оформување на ликот на фонтаната. Втората вертикална фонтана е поставена во аголот кај малиот амфитеатар и ќе ја краси сцената на истиот и го симболизира богатсвото на води во овој регион – изјави Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.