| четврток, 6 декември 2018 |

Евробаскет трето коло: Белгија и Финска со големи победи, БиХ го изненади Израел (видео)

Денеска на Европското првенство во кошарка беше одиграно третото коло во групите А и Д.

FIBA EuroBasket 2015

Во групата А чиј домаќин е Франција, Најголемото изненадување го приреди Финска победувајќи ја Русија минимално со 81-79 си тоа и го нанесе третиот пораз на „зборнаја“ на овој европски шампионат. Најголемото разочарување во досегашниот дел од првенството репрезентацјата на Русија со тоа си ги сведе шансите за пласман во следната рунда на миниум бидејќи до крајот треба да оствари две победи, а игра против домаќинот Франција и против Босна и Херцеговина која си ги зголеми шансите со денешната чудесна победа над Израел.
Русите сами си ја прокоцкаа шансата за победа со тоа што во последните 2.42 минути не постигнаа ниту еден кош, а Финска тоа умееше да го искористи и дојде до триумф. Копонен на три секунди пред крајот ги постигна решавачките поени.
Ерик Марфи со 19 поени беше најефикасен во победничкиот состав, а Витали Фридзон беше стрелец на 22 поени во руската репрезентација.

Босна и Херцеговина ја забележа првата победа и тоа со голем пресврт во натпреварот против Израел (86-84) по едно продолжение и ги сочува шансите за пласман во осминафиналето. Босанците го слават Елмедин Кикановиќ кој во регуларниот дел од мечот постигна чудесна тројка за израмнување на резултатот во последната секунда, а во продолжението и поените за победа. Гордиќ со 22 поени беше најефикасен во босанскиот тим, а Кикановиќ додаде 17 коша. Кај Израелците залудни беа 29 поени на Каспи иако водеа и со двоцифрена разлика во текот на мечот.

Франција ја оствари и третата победа од истотолку натпрвари овојпат над Полска од 69-66 и повторно имаше проблем со реализацијата. Најголемиот конкурент за титулата сепак мора да ја крене играта на повисоко ниво ако сака да стори нешто повеќе на овој шампионат знаејќи дека завршницата ќе ја игра токму на домашен терен во Лил. Полска беше селекцијата што вечерва им создаде големи проблеми на актуелните европски шампиони, кои сепак успеаја да слават со 69-66 и да го задржат стопроцентниот ефект во групата А. Полјаците испуштија шанса за продолжение бидејќи имаа оворен шут за израмнување во последната секунда.
Тони Паркер со 16 поени беше предводник на Франција во оваа победа, пред Де Коло и Желабал, кои постигнаа по 12 поени.

Во групата Д што се игра во Летонија повторно се случи сензација.

FIBA EuroBasket 2015

Репрезентацијата на Белгија направи големо изненадување победувајќи ја Литванија со 76-74. Кошот за победа го постигна Американецот Мет Лоџески кој сепак мораше да биде прегледуван од судиите на повторена снимка. На крајот кошот беше признат, а Белгијците славеа голем триумф. Лоџески со 20 поени беше прво име во белгискиот состав.

Украина испушти огромна предност во дуелот со Естонија и мораше на крај со спуштени глави да ја напушти салата и да го впише третиот пораз од истотолку натпревари. Естонија во третата четвртина го најави пресвртот победувајќи ја со 22-6 за конечна победа од 78-71.

Домаќинот Летонија го победи лидерот во групата Чешка со 75-67 и ја направи групата крајно интересна со дури пет репрезентации на врвот со пет бода.

Резултати 3. коло:

ГРУПА А: Финска – Русија 81-79, Израел – БиХ 84-86 (по продолжение), Франција – Полска 69-66.

Табела: Франција 6, Израел 5, Полска 5, Финска 4, БиХ 4, Русија 3.

ГРУПА Д: Литванија – Белгија 74-76, Латвија – Чешка 72-65, Естонија – Украина 78-71.

Табела: Чешка 5, Литванија 5, Белгија 5, Латвија 5, Естонија 4, Украина 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top