| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид доби нов плоштад

Новоизградениот плоштад во непоседна близина на Музичкото училиште во Охрид вечерва свечено беше пуштен во употреба.

Пред бројни граѓани, претставници на локалната самоуправа, како и пратеници од Охрид, орбаќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески, кој изрази уверување дека ова обновено катче ќе биде уште едно собиралиште на охриѓани, место за одмор и релаксација.

Новиот плоштад се протега на површина од околу илјада метри квадратни, што според надлежните, целосно се вклопува во архитектурните особености на градот.

Просторот е хортикултурно уреден, илуминиран, а централно место во него завземаат две фонтани, од кои едната украсена со мозаик со мотиви од ранохристијанската базилика на Плаошник, дело на охридскиот уметник Никола Упевче.

Дел од плоштадот е уреден во вид на амфитеатар, што може да се користи како место за културно-уметнички манифестации.

Реконструкцијата на просторот е дело на градските локални претпријатија, додека фонтаните ги изработи охридска фирма. Вкупната вредност на проектот изнесува 8,7 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top