Местењето на креветот не одзема многу време, но некои луѓе сепак не го прават тоа. Едни тоа го сметаат за бесмислено и губење на време, други едноставно се мрзеливи, трети стануваат предоцна за да имат време и за тоа, пишува хрватски „24сата“.
И оние кои секое утро го местат креветот имаат причина зошто е тоа така, сакаат спалната соба да е уредна, така се научени од мали и друго.
Според истражувањето спроведено со 68.000 луѓе, дури 59 проценти од нив признале дека не го местата креветот, додека таа навика ја имаат 27 отсто. Останатите 12 проценти рекле дека тоа други го прават наместо нив.
Местењето на креветот по будењето има подлабоко значење од самата навика. Експертите тврдат дека внимателното затегнување на чаршафот наутро, местењето на перниците кажува многу за луѓето.
1. Сакаат да се чувствуваат корисно
Местењето на креветот наутро им дава чувство на корисност, исполнување на една задача. Поради тоа работниот ден го започнуваат горди на себе и сакаат тоа чувство да се задржи во текот на денот.
2. Состојбата на креветот е состојба на умот
Постои изрека дека креветот е одраз на човекот – уреден кревет, уреден живот. Тие кои сакаат креветот да им е наместен, сакаат ред во својот живот. Луѓето кои не го местат, добро се снаоѓаат во хаос и тоа не им претставува голем проблем.
3. Одраз на среќа и продуктивност
Во споменатото истражување, 71 процент од луѓето кои го местат креветот рекле дека се среќни, а 62 проценти од оние кои не го местат, рекле дека се несреќни. Експертите сметаат дека првите повеќе уживаат во својата работа, редовно вежбат и повеќе спијат.
4. Сакаат да држат контрола
Оние кои редовно го местат креветот по будењето го имаат животот под контрола.
5. Подготовка за лоши работи
Некои луѓе го местат креветот, иако тоа баш и не им се прави, бидејќи така потсвесно се подготвуваат за соочување со работи кои би ги избегнале, но никако не можат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.