Бојан Богдановиќ заработи потрес на мозокот во дуелот против Словенија и најверојатно нема да игра против Македонија, утре од 21 часот, но кошгетерот на Хрватска е упорен во намерата да настапи против нашата селекција.
Играчот на Бруклин нетс ги молел докторите во националниот состав на Хрватска да му дозволат да игра и против Грција, но бил вратен во хотелот на мирување. Неговото отсуство е голем хендикеп за „коцкестите“, кои загубија речиси добиен меч со Грција во самиот финиш од мечот.
Со Македонија, Хрватите ќе играат утре од 21 часот на денот на нашата независност, 8 Септември, но веројатно во составот ќе го немаат повредениот Бојан Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.