Двајцата ривали од Премиер лигата и репрезентативци на Шпанија Хуан Мата и Педро се во центарот на вниманието на тренинзите за својата земја која се подготвува за престојниот квалификациски наптревар против Македонија што се игра утре на арената „Филип Втори“ во Скопје со почеток 20.45 часот.
Хуан Мата одлично прими една длабинска топка, го надмудри Педро со еден потег и со одмерен удар ја пласираше топката во гол. Ова прекрасно издание на фудбалерот на Манчестер Јунајтед со насмевка го испрати Педро кој е член на лутиот ривал Челси и секако ќе го прифати како предизвик за дерби дуелите меѓу овие два тима во Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)