| четврток, 6 декември 2018 |

„Фајненшл тајмс“: „Дрекслмајер“ најдобра фирма за производство

drekslesr

Фабриката на германската компанија „Дрекслмаер“ што се гради во Кавадарци е прогласена за  најдобра во категоријата производство од страна на  fDi Intelligence, специјализирано издание на „Фајненшл тајмс“ за сите области поврзани со странските директни инвестиции и промоција на инвестициите во светот.

Фабриката во Македонија е прогласена за најдобра во рамки на годишната едиција FDI Top Projects of the year 2012 – Investment that broke ground.

Следејќи повеќе од 16.000 гринфилд проекти во светот номинирани за 2012 година, електронското издание на престижниот ФДИ Магазин – fDi Intelligence за февруари и март годинава ги прогласи победничките проекти во повеќе сектори и категории.

Од кабинетот на министерот за странски инвестиции Веле Самак денеска соопштија дека фабриката на германски „Дрекслмаер“ во Кавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија е избрана за најдобра пред бројни и угледни конкуренти, како што се „Мерцедес бенц“, која се гради во Унгарија, фабриката на „Јазаки“ во Бугарија, „Бош“ во Романија, како и многу други.

Инвестицијата на „Дрекслмаер“ во Македонија е со вредност од над 30 милиони евра и треба да овозможи 4.000 нови вработувања. Одлуката за инвестирање беше донесена по повеќемесечни преговори со министерот Самак во декември 2011 година. Во Кавадарци веќе работат над 560 вработени кои за потребите на „даимлер“ и новата класа „мерцедес C“ извезуваат за повеќе европски дестинации.

Министерот Самак очекува, според динамиката на работ, а до крајот на годината да се достигне бројка од над 1.000 вработувања.

– Фактот дека фабриката во Кавадарци е прогласена за победник од страна на светски реномираниот fDi Intelligence во конкуренција со такви престижни и познати компании нѐ прави навистина горди и е вистински показател за трудот кој го вложуваме и посветеноста со која работиме – изјави Самак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top