| четврток, 6 декември 2018 |

Франција размислува за воздушни напади врз ИД

francuski avionФранција ќе почне со разузнавачки летови над Сирија и ја разгледува можноста за извршување воздушни напади врз ектремистите од Исламска држава во земјата, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд на прес-конференцијата во Париз .

Тој сепак додаде дека Франција не планира да извршува копнени операции во Сирија, бидејќи тоа би било „несоодветна и нереална мерка“.

– Имаме докази дека од Сирија се планирани напади врз неколку земји, меѓу кои и врз Франција. Должен сум да информирам колку што е можно подобро за заканите против нашата земја. Затоа му наложив на министерот за одбрана да почне разузнавачки летови над Сирија, кои ќе ни овозможат да размислуваме за воздушните напади врз ИД, задржувајќи си го правото на сопствени активности и одлуки – додаде Оланд.

Тој прецизираше дека наредил разузнавачките летови над базите на исламистите во Сирија да почнат од утре.

Говорејќи во Елисејската палата за миграциската криза во Европа, Оланд изјави дека Франција ќе прифати 24 илјади бегалци во следните две години, согласно со предлогот што се очекува да го даде Европската комисија за дополнително примање на земјите-членки на вкупно 120 илјади мигранти.

Тој изрази уверување дека ЕУ ќе успее да се соочи со миграциската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top