| четврток, 6 декември 2018 |

Документарниот филм за Џенис Џоплин на фестивалот во Венеција

Авторот на филмот „Џенис“ Ејми Берг, изјави дека починатата блуз и рок дива Џенис Џоплин ја водела при снимањето на документарниот филм, кој беше прикажан надвор од конкуренцијата на филмскиот фестивал во Венеција.

janis-joplin-1367837277_b

 

Филмот ја следи Џенис, аутсајдерка која пораснала во Порт Артур, Тексас, низ нејзин метеорски подем како пејачка на бендот „ Големиот брат и холдинг компанијата“ (Big Brother and the Holding Company) до предозирањето со хероин кога имала 27 години, во октомври 1970 година. ­

– Повеќе пати сакав да направам нешто покреативно, што го нема во архивите, што можеби нужно не се случило и секојпат ми пропаѓаше, рече Берг.

– Чувствувам како Џенис да ме водеше низ монтажата. Нејзинот глас навистина ме водеше, додаде таа.

За разлика од документарниот филм за Ејми Вајнхаус „Ејми“ кој се потпираше на приватни снимки, Берг нејзиниот филм го работеше користејќи архивски материјали.

И покрај тоа, таа вели дека во филмот има моменти за кои дури ни најжестоките обожаватели на Џенис Џоплин не слушнале или виделе. ­

– Постојат 12 минути нови аудио и видео снимки. Тоа беше вистински предизвик, рече американската режисерка. ­

– Постојат луѓе кои оделе на турнеи со неа, како Дејвид Далтон од „Ролинг Стоун“ магазинот па користевни нивни снимки, но и снимки кои некој случајно ги пронашол, како и преубав материјал без тон кој го искористивме, рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top