| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките конечно добија селектор, Симе Симовски ќе ја предводи репрезентацијата во следните две години

Женската ракометна репрезентација, по пауза од 10 месеци, конечно доби нов селектор. Досегашниот прв човек на клупата на репрезентацијата до 19 години, Симе Симовски, која преку квалификациите избори пласман на Европското младинско првенство во Валенсија 2015, ќе седне на жешкото столче на сениорките кои треба да за еден месец да ги започнат квалификациите за Европското првенство.
УО на РФМ едногласно го прифати предлогот на тричлената комисија во состав, Гино Стрезовски, Гордана Нацева и Емил Угриновски и по разгледувањето на кандидатурите го предложиле Симовски за селекторското место.

Симовски на селекторската позиција во женската сенироска репрезентација доаѓа како наследник на Ристо Магдинчев. Во меѓувреме, во улога на в.д.селектор, репрезентацијата ја предводеше Благојче Весиќ.

Во својата кариера, Симе Симовски претходно беше асистент на селекторот во стручниот штаб на сениорската репрезентација на СП 2001 и на ЕП 2012, а како селектор ја предводеше младинската репрезентација на Македонија во квалификациите и на ЕП 2015 во Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top