| четврток, 6 декември 2018 |

На полскиот референдум гласале само девет проценти

polska glasanjeНајмногу девет отсто од полските гласачи во сите 40 изборни окрузи гласаа на вчерашниот референдум во земјата, соопшти Државната изборна комисија, додавајќи дека просечната излезност изнесува 7,48 отсто.

Полјаците требаше да се изјаснат дали да бидат внесени промени во избирачкиот систем, финансирањето на политичките партии и даночните правила.

За да биде признат за важечки референдумот, потребно е на него да учествуваат најмалку 50 отсто од регистрираните избирачи во Полска.

Државата изборна комисија денеска попладне треба да ги објави конечните официјални податоци од пребројувањето на гласовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top