| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Нема да стреламе кон нелегалните имигранти, но никој нема да помине

орбан2

-Унгарија нема да стрела кон мигрантите кои се обидуваат да ја минат преку новата ограда на нејзината јужна граница и е отворена за преговори за европските квоти за прием на бегалци, откако ќе заврши поставувањето на оградата – изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервјуто, објавено денеска од државната радиотелевизија ОРФ, Орбан повторно го изрази својот став дека мигрантите од Блискиот Исток, Африка и Азија кои минуваат низ Унгарија всушност не бегаат од сиромаштија и тие не се вистински бегалци, на кои им е потребен азил.

– Ние ја заштитуваме Европа согласно европските правила, според кои границите можат да бидат поминати само на одредени места на контролиран начин и со регистрирање – рече Орбан.

На прашањето дали на војниците на границата ќе им биде наредено да стрелааат тој одговори: -Не тоа нема да биде потребно, бидејќи ќе има ограда, преку која нема да може да минат. Сепак секој кој ќе одлучи да ја прескокне оградата ќе биде уапсен и изведен пред суд. Употребата на оружје нема да биде потребно.

– Доколку надворешната граница на Европа не е блокирана, нема смисла да зборуваме за квоти. Кога ќе ја затвориме надворешната граница и ќе ја спречиме нелегалната миграција, може да зборуваме за некакво решение – одговори Орбан на прашањето дали би го прифатил прдедлогот на Европската комисија за воведување систем на квоти за распределување на мигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top