Фудбалската репрезентација на Хрватска вчера загуби во Осло од Норвешка (2-0) и со тоа на две кола до крајот си ја загорчи позицијата што води на Европското првенство. Со единствениот пораз досега „коцкестите“ паднаа на третото место, а пред нив се селекциите на Италија и Норвешка. Во последните две кола Хрватите мора да остварат две победи и да чекаат кикс на конкурентите, ако сакаат да се изборат за место што води на Европското првенство 2016 година.
Селекторот Нико Ковач ги обвини играчите дека не даваат се од себе, но Лука Модриќ има сосема спротивен став.
– Не знам што мисли селекторот, но сигурен сум дека сите фудбалери го даваат својот максимум на теренот. Немавме никаква игра, не создадовме шанси, не постигнавме гол, но сигурно немаше незалагање – изјави Лука Модриќ.
Во следниот натпревар од квалификациите, во октомври, Хрватска на домашен терен ја пречекува селекцијата на Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момчето со волците на Велебит: Сензационални снимки од Лука Модриќ додека чувал кози, волците го следеле до дома (видео)
-
Лука Модриќ ја освои „Златната топка“
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја



