| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачката војска напредува против ИД

iracka avijacijaАмериканското Министерство за одбрана соопшти дека ирачките воено-воздухопловни сили во операција против Исламската држава првпат користеле авиони-ловци „ф-16“, купени од САД.

Потпаролот на Пентагон, Питер Кук, изјави дека Ирак успешно ги користел модерните авиони во кампањата против џихадистичката група. Тој не откри повеќе детали за операцијата.

Првите четири ловци „ф-16“ му беа доставени на Ирак во јули, а според планираното ќе добие уште такви авиони.

Според информациите, во последното деноноќие ирачката војска елиминирала повеќе од 100 џихадисти на Исламска држава во борбите во градот Баџи на северот на Ирак, како и во градот Рамади. Борби се водат ширум провинцијата Анбар, каде што има уште неколку убиени.

Операцијата на ирачката војска која има за цел протерување на терористите на Исламската држава од провинцијата Анбар започна во јули, а оваа територија во најголеми делови ја контролираат џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top