Француската кошаркарска ѕвезда Тони Паркер во синоќешниот дуел против Босна и Херцеговина на Евробаскетот 2015 постигна 11 поени и со тоа се израмни на првото место за најдобри поентери на европските првенства, заедно со легендата на грчката кошарка Никос Галис. Галис досега беше осамен на вечната листа со 1031 поени, но со вчерашните поени на Парке,р сега се рамо до рамо на вечната листа.
Секако, Галис тоа го има сторено за многу помалку мечеви, но, сепак, Паркер му се придружи на вечната листа на поентери и веќе на следниот меч против Полска ќе стане најдобриот поентер во историјата на европските првенства. Реална шанса да биде надминат има само од Дирк Новицки, германскиот репрезентативец, кој зад своето име досега има запишано 1013 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.