| четврток, 6 декември 2018 |

Ежени Бушар го откажа настапот во осминафиналето на УС Опен поради бизарна повреда

Канадската тенисерка Ежени Бушар, која полека повторно влегува во форма и одигра неколку добри мечеви на последниот грен-слем УС Опен, мора да го откаже настапот против Роберта Винчи во осминафиналето поради бизарна повреда.
Таа по еден од тренинзите паднала во соблекувалната и се здобила со повреди на главата, по што морала да го откаже настапот.
Бушар најпрво ги откажа настапите во игра на двојки, но вечерва, сепак, се повлече и од мечот во поединечна конкуренција. Таа требаше да се сретне со Роберта Винчи од Италија, која сега без борба се пласира во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top