| четврток, 6 декември 2018 |

Романија ќе донесе одлука за квотите за бегалците по објавување на планот на ЕК

бегалци

Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску изјави дека се уште не е донесена официјална одлука за квотите за бегалците и додаде дека Романија ќе ја донесе таа одлука, откако Европската комисија ќе го претстави на 9 септември планот за решавање на актуелната криза со мигрантите.

– Откако ќе го видам планот на ЕК, ќе имаме многу сериозен разговор на ниво на министерства, бидејќи Министерството за надворешни работи нема исклучителни компетенции по тоа прашање – додаде Ауреску.

Тој истакна дека и покрај тоа што светските медиуми пишуваат за серија од квоти, кои ќе се применуваат за секоја земја-членка на ЕУ, сепак тие бројки не се соопштени официјално на ниту една држава членка.

– Тие бројки засега остануваат само на ниво на шпекулации – рече романскиот министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top