Со трактори и со друга земјоделска механизација, европските млекари денеска ги блокираа сите главни сообраќајници и тунели во Брисел, протестирајќи против ниските цени на млекото и укинувањето на субвенциите.
Конвојот од неколку илјади трактори минаа и направија метеж низ главниот град на Белгија, а потоа се стационираа на плоштадот Шуман, пред седиштето на Европската комисија. Градот го надлетуваат хеликоптери, а властите апелираа до граѓаните да не ги користат автомобилите, освен ако е неопходно.
Млекарите од повеќе европски земји бараат да им се вратат укинатите субвенции и да се ограничи увозот на евтино млеко од странство. Тоа според фармерите, придонело за пад на цените на млекото за дури 25 проценти, со што ним им се заканува банкрот и затворање на фармите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


