| четврток, 6 декември 2018 |

Марин ле Пен: Германија во емигрантите гледа евтини „робови“

France's National Front political party leader Marine Le Pen delivers a speech during the National Front political party summer university in MarseilleПрвата дама на француската крајна десница Марин ле Пен ја обвини Германија дека прима илјадници емигранти и бегалци бидејќи сака да ги намали платите и да вработи „робови“.

– Германија, веројатно, мисли дека населението ѝ изумира, а сака и да ги намали платите и да продолжи да вработува робови благодарејќи на масовното вселување – изјави Ле Пен на состанокот со нејзините приврзаници во Марсеј.

Таа, исто така, ја обвини Германија дека сака да наметне имиграциска политика во ЕУ.

– Германија не само што сака да ја управува со нашата економија, туку сака и да нѐ принуди да прифатиме стотина илјади баратели на азил – рече таа, дополнувајќи дека „Франција нема можност ниту сака да ја отвори вратата за светската беда“.

Само за време на викендот во Минхен и Франкфурт во Германија пристигнаа најмалку 15.000 бегалци од Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top