Германскиот министер за финансии Волганг Шојбле ги повика земјите од ЕУ да „дејствуваат заедно“ кога станува збор за мигрантската криза со која е соочена Европа, пренесува „Танјуг“.
Берлин и други престолнини од ЕУ повикаа на носење обврзувачки квоти за приемот на бегалци за секоја членка на Унијата, како и на заеднички правила за давање азил.
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во среда би требало да го претстави планот за премстување на 120 илјади бегалци од преоптоварените земји, како што се Италија, Грција и Унгарија.
Германскиот весник „Велт ам зонтаг“ објави дека според тој план, Германија би требало да прими 31 илјада мигранти, Франција 24 илјади, а Шпанија околу 15 илјади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум
-
За неа нема веќе шеќер во исхраната: Четири замени за чоколадото, гумените бомбони и слатките
-
Ја чувствуваат кризата – градежниците не се охрабруваат да почнат нови инвестиции