Најдобрата тенисерка на светот Американката Серена Вилијамс во четврфиналето на последниот грен-слем оваа сезона УС Опен, ќе игра со своја постара сестра Венус откако двете денеска без поголеми проблеми славеа победи над своите противнички.
Серена полека влегува во форма и со 2-0 ја совлада сонародничка Медисон Кејс со 2-0 во сетови (6-3, 6-3), пласирајќи се во четвртфиналето на гранслем турнирот УС Опен.
Серена овојпат беше концентрирана од стартот, не дозволи како на претходните мечеви противничката да има водство во првиот сет, а таа да го спасува. Успеа да поведе со 5-3 во гемови, а потоа и го компетираше сетот со 6-3.
На идентичен начин го доби и вторио сет.
Постарата од сестрите Вилијамс истотака без нинакви проблеми извојува победа во третото коло над Естонката Контавеинт со 2-0 (6-2, 6-1) во сетови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.