| четврток, 6 декември 2018 |

Евробаскет втор ден, Хрватска загуби во финишот, Франција и Шпанија супериорни

Денеска се одигра комлетното второ коло во сите четири групи на Евробаскетот 2015.

FIBA EuroBasket 2015

Хрватска која е домаќин на групата Ц во Загреб загуби во финишот од Грција со 72-70. Иако водеа во текот на целиот натпревар и на моменти имаа и двоцирена предност „коцкестите“ кои се противници на Македонија во третото коло, мораа со наведнати глави да ја напуштат загребската „Арена“ пред Спаунулис и другарите.
Капитенот на грчкиот состав беше најефикасен во своите редови постигнувајќи 16 поени. Хрватска настапи без својот најдобар кошаркар, Бојан Богдановиќ бидејќи на вчерашната средба незгодно падна и се здоби со потрес на мозокот. До кога ќе отустува кошаркарот со НБА искуство, останува да одлучат хрватските доктори.
Кај „коцкестите“ во одлично светло се прикажа Крунислав Симон со 18 коша.

FIBA EuroBasket 2015

Шпанија брзо се рехабилитираше од стартниот пораз од Србија во првото коло и буквално ја декласираше репрезентацијата на Турција со 104-77 и ја направи групата Б што се игра во Берлин крајно интересна. Таму сега освен Србија која има две победи, дури четири репрезентации имаат половичен учинок од една победа и еден пораз. Единствената репрезентација која ја нема почувствано победата е аутсајдерот Исланд.
Денеска „црвената фурија“ не остави ништо на случајноста и од самиот почеток на мечот го наметна своето препознатливо темпо направи солидна предност. Од минута во минута растеше предноста и во ниту еден момент не дојде во прашање победникот. По Гасол ја презема ситуацијата во свои раце и беше лидер на својата репрезентација со 21 кош и седум скока. Кај Турците Ерсан Илјасова со 15 поени беше најефикасен.

FIBA EuroBasket 2015

Можеби главниот фаворит за освојување на златниот медал на ова Европско првенство по првото коло откако мораше да доигра дополнителни пет минути во победата над Финска, во второто коло без проблеми славеше над Босна и Херцеговина со 81-64. Селекторот Коле им даде шанса на сите кошаркари, а најефикасни беа Нандо Де Коло и Ловерњ со по 12 и Паркер и Батум со по 11 поени.

Резултати второ коло:

ГРУПА А: Полска – Русија 82-79, Израел – Финска 79-66, Франција – БиХ 81-54.

Табела: Франција 4, Израел 4, Полска 4, Русија 2, Финска 2, Босна и Херцеговина 2.

ГРУПА Б: Србија – Германија 68-66, Италија – Исланд 71-64, Шпанија – Турција 104-77.

Табела: Србија 4, Шпанија 3, Италија 3, Турција 3, Германија 3, Исланд 2.

ГРУПА Ц: Македонија – Холандија 78-71, Словенија – Грузија 79-68, Грција – Хрватска 72-70.

Табела: Грција 4, Хрватска 3, Словенија 3, Македонија 3, Холандија 3, Грузија 2.

ГРУПА Д: Естонија – Белгија 55-84, Литванија – Латвија 68-49, Украина – Чешка 64-78.

Табела: Чешка 4 бода, Литванија 4, Белгија 3, Летонија 3, Украина 2, Естонија 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top