Актуелниот светски и лидерот во генералниот пласман во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон е победник на трката во Монца што се возеше за ГН на Италија. Тој во болидот на Мерцедес беше доминантен во текот на целиот викенд па по освоената пол-позиција вчера без проблеми стигна до денешната победа со време од 1:18.00.688 часа, пред Себастијан Фетел од Ферари, и двата болиди на Вилијамс, Фелипе Маса и Валтери Ботас.
Најголемиот конкурент на Хамилтон во генералниот пласман и негов клупски колега, Нико Розберг не ја заврши трката поради тоа што неговиот мотор не издржа и пукна на два круга до целта, овозможувајќи му на Британецот да дојде до уште поголема предност по трката во Монца.
За Хамилтон, ова беше осма победа во сезоната и вкупно 40. во кариерата, а го носи многу блиску до втора шампионска титула по ред и вкупно трета во кариерата.
Генерален пласман:
1. Луис Хамилтон Мерцедес 252 бода
2. Нико Розберг Мерцедес 199
3. Себастијан Фетел Ферари 178
4. Фелипе Маса Вилијамс 97
5. Кими Раиконен Ферари 92
6. Валтери Ботас Вилијамс 91
7. Данил Квјат Ред Бул 58
8. Даниел Рикјардо Ред Бул 55
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.