| четврток, 6 декември 2018 |

Управниот суд ги одби тужбите на СДСМ

Управниот суд уважи само една од 142 тужби поднесени од политички партии за приговори во врска со нерегуларности во првиот изборен круг на локалните избори. Останатите тужби, според оценките на судот, се неосновани.

Се работи за уважена тужба на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 0734 во Кичево, но според Управниот суд со таа тужба во Кичево нема да се смени ништо, односно Фатмир Дехари останува градоначалник избран во првиот круг. Во тоа избирачко место кандидатот за градоначалник на ДУИ, Фатмир Дехари, освоил 349 гласа наспроти 219 на неговиот противкандидат Благоја Деспотовски.

Коалицијата „Сојуз за иднината“ поднесе 101 тужба до Управниот суд со образложение дека Државната изборна комисија ги донела одлуките за приговорите со надгласување. Одбиени се сите тужби на СДСМ. Судот не ги прифати ниту 35-те тужби на ДОМ нути четирите на Демократската партија на Турците. Одбиена е и една тужба на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 0793 во Кичево, каде што излегле на гласање 833 гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top