Телесната температура е пониска во текот на сонот, а се подига пред крајот на циклусот на спиењето како сигнал за телото дека е време за будење.
Легнавте во креветот и веќе се вртите барајќи го она мало најладно парче од постелнината за полесно да потонете во сон?
Познато сценарио за многумина…
Но, колкава, всушност, би требало да биде оптималната температура во вашиот дом кога одите на спиење? Жените и мажите се различни и по ова прашање. Токму затоа не чуди ако не можете да најдете заеднички јазик и околу тоа.
И додека нему веројатно сè уште му е жешко, нејзе и е веројатно ладно.
Женскиот организам не произведува доволно топлина додека мирува, во однос на мажите. Тоа е и главната причина зошто на жените почесто им е поладно отколку на мажите во истата просторија.
Кога станува збор за спиењето, научниците од Универзитетот Џонс Хопкинс дошле до заклучок дека совршената температура за спиење за двата пола е 18 Целзиусови степени.
Телесната температура е пониска во текот на сонот, а се подига пред крајот на циклусот спиење како сигнал за телото дека е време за будење. Токму затоа со одржување на пониска температура во спалната соба му помагате на вашето тело во текот на сонот полесно да си ја заврши својата работа.
Ако температурата во собата е висока, поголема е и веројатноста дека во текот на ноќта ќе ротирате низ креветот а тој немир е вистинскиот рецепт за несоница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.