Трошоците на Германија поради рекордниот број на мигранти и бегалци кои влегуваат во таа земја би можеле да достигнат до 10 милијарди евра, што е 4 пати повеќе од сумата која Берлин, минатата година, ја потрошил за таа цел, објави денес германскиот печат.
Податоците ги објави германскиот весник “Frankfurter algemajne cajtung” во споредба со трошоците, кои Берлин во текот на 2014 ги издвои за 203.000 баратели на азил.
Владата на Германија пред да добие податоци за бројот на нови азиланти кои ги очекува оваа година, од буџетот издвоила 5, 6 милијарди евра за згрижување на околу 450. 000 луѓе, пренесе Тајнјуг.
Меѓутоа, бидејќи, бројот на дојдените рапидно се зголемува, германската Влада мора да смета на тоа да издвои околу 10 милијарди евра, на федерално, регионално и локално ниво.
Според пресметките на власта, за секој бегалец, додека ја чека одлуката дали ќе добие азил, треба да се издвои меѓу 12. 000 и 13. 000 евра- за сместување, храна и медицинска нега- како и 143 евра за тошоци месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



