Во Полска денеска се одржува референдум за промена на изборниот систем, финансирањето на политичките партии и сет даночни прописи.
Референдумот го распиша поранешниот претседател Бронислав Коморовски по, изненадувачки лошиот прв круг претседателски избори во мај.
На денешниот референдум гласачите ќе се изјаснат за воведување на британски изборен модел, бидејќи Полска верува дека ќе ги направи пратениците поодговорни кон гласачите во однос на актуелниот систем на партиски листи.
Гласачите ќе се изјаснат и за јавното финансирање на политичките партии и дали споровите меѓу даночните обврзници и властите треба да бидат решени в корист на обврзниците.
Најмалку 50 проценти од запишаните гласачи мора да излезат на референдумот за резултатите да бидат валидни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.