Во првиот натпревар од групата Ц, домаќинот Хрватска славеше во соседското дерби против Словенија со 80-73. Сенка на победата фрли повредата на првиот играч на „коцкестите“ Бојан Богдановиќ кој при еден контранапад незгодно падна на паркетот ја удри главата и доби потрес на мозокот.
По ова тој не влезе во игра, а останува да се види дали ќе може да продолжи со настапите за својата држава до крајот на шампионатот.
Од таборот на Хрватска уверуваат дека сепак тој мора да мирува неколку дена и потоа ќе биде подготвен за настап за националниот дрес, во натпреварите кои ќе значат и пласман на некои од местата на пиедесталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)