По првото полувреме во рамките од квалификациите за Европското првенство, Македонската фудбалска репрезентација има иницијатива над домаќинот Луксембург создаде неколку добри шанси за гол но сепак резулатот е сеуште почетниот 0-0.
Главниот судија на мечот Ли Еванс од Велс, на препорака на својот помошник крајно неоправдано поништи чист погодок на македонскиот состав откако Агим Ибраими одлично го проигра левиот бек Леонард Жута кој изби сам пред голманот на домаќините и успешно стрелаше небраниот дел од голот.
Дополнителен проблем за „црвено-жолтите“ е повредата на централниот дефанзивец Даниел Мојсов, кој принудно е заменет со стоперот на Работнички, Кире Ристевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)