За викендов, многумина се решија да заминат на грчките плажи, но проблем од грчка страна на границата го забави нивниот пат кон морето. Официјално, нема соопштение од јужниот сосед на што се должи бавното преминување на нивна територија. За застојот сведочат километарските колони.
Според АМСМ, на преминот Богородица на границата со Грција за излез од Македонија има задржување на возилата од 30 минути, додека на премин Дојран околу 15 минути. Подолги задржувања има на грчиот дел, по минување на нашата контрола за влез во Грција, соопшти АМСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови


