| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пех за Лион, Набил Фекир ги скина лигаментите (видео)

fekir

Пријателскиот натпревар меѓу Португалија и Франција кој се одигра синоќа го добија „триколорите“ со 1-0 со прекрасниот гол од слободен идар на Валбуена во 85 минута.

Меѓутоа како кобен натпреварот се покажа за младиот офанзивец на Лион Набил Факир кој мораше уште во 14 минута да го напушти теренот поради тешка повреда. Тој се пожали на повреда по само 14 минути игра, а деталните прегледи ја донесоа лошата вест – дека станува збор за кинење на лигаментите на коленото, поради што Фекир го очекува пауза од најмалку шест месеци од фудбалските терени.

Фекир заедно до Лаказет и Валбуена се ударната игра на Лион оваа сезона, но јасно е дека најдобриот играч од минатата сезона многу ќе му недостасува на својот тим во обидот да дојдат до висок пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top