| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентина до врв ја наполни мрежата на Боливија, Меси постигна два гола за 25 минути (видео)

argentina

Аргентиските репрезентативци за првпат се собраа заедно по неуспехот во финалето на Копа Америка во кој загубија од Чиле, за да одиграат пријателски натпревар против Боливија.
Меси и другарите до врв ја наполнија мрежата на противникот постигнувајќи седум гола. „Гаучосите“ прикажаа одлична игра, а најдобар поединец на мечот беше Серхио Агуеро, кој покрај двата гола имаше и три асистенции. Лео Меси влезе во игра во второто полувреме и постигна два гола за 25 минути, а останатите погодоци беа дело на Лавеци (два) и на Кореа, кој во својот прв допир со топката на дебито во репрезентативниот дрес успеа да се запише меѓу стрелците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top